Еурофарм за новороденчињата од општина Центар!

Општина Центар продолжува со исплата на еднократна парична помош за новороденчиња. На 31.05.2022 градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски лично им ги врачи решенијата за еднократна парична помош во висина од 7.000 денари на 50 семејства од Центар кои имаат новороденче. Решенијата беа доделени на настан со пригодна програма, којa што се одржа во ООУ „Киро Глигоров“. Еурофарм, како општествено одговорна компанија и овојпат несебично ја поддржа оваа акција и иницијатива на општина Центар, подарувајќи вредносни ваучери и бебешки производи за најмалите. На родителите на нашите најмлади сограѓани им посакуваме добро здравје, а на најмалите среќно и безгрижно детство.

Leave a Reply