Еурофарм на Европската недела на мобилност 2023

Во периодот од 16 до 22 септември 2023 година, Општина Велес и оваа година организираше седумдневни активности со кои беше одбележана Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ) во тесна соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Општина Велес ги повик сите жители да се придружат на овие активности, особено на одбележувањето на меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември, кога се одржа завршниот настан, со што се заокружи целиот проект Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ). Еурофарм, како општествено одговорна компанија, трета година по ред е поддржувач на овој настан обезбедувајќи донација со топки за разни спортови, наменети за сите за општинските основни и средни училишта..

Leave a Reply