Еурофарм на петтото издание на „Трчај бе„

И оваа година, по петти пат се одржа еден од сега веќе најпознатите трки во Македонија, „Трчај бе„ во Битола. Како и досега, настанот беше одлично организиран, со учество на преку 1 400 тркачи од нашата земја но и од многу други држави како Турција, Романија, Бугарија… Битолчани масовно ги бодреа натпреварувачите, а освен во трката, можеа да уживаат и во одличната забава со богата музичка програма.

Компанијата Еурофарм и оваа година беше поддржувач и пријател на овој спортски настан, во духот на здравиот начин на живот и спортот како клучен избор во креирањето на здравите животни навики.

Посетители на нашиот штанд уште еднаш имаа прилика да се уверат во ефектите на производите на Ice Power и Jamieson.

Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје!

Leave a Reply