Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави.
Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици, па преку Широк Сокак да стигнат на целта.
И оваа година Еурофарм и нашата екипа маратонци имаше уште еден одличен настап на „Трчај бе“ и успешна промоција на Ice Power производите на нашиот промотивен штанд.
„Трчај бе“ се гледаме догодина!
Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: септември 5, 2022
- Tags: општествена одговорност