И оваа година бевме дел од 12-тото издание на „Авицена Женска Трка” кое беше најмасовно досега, со учество на 3.420 припаднички на женскиот пол кои застанаа на стартната линија.
На нашиот промотивен штанд ги запознавме учесничките со производите на Fysioline и Jamieson како Ice Power, Arthro, Magnesium inn и Vitamin C Chewable. Честитки до победничките на трката како и до организаторите кои уште еднаш докажаа дека секоја година имаме поуспешна и помасовна „Авицена Женска Трка”.
Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: април 8, 2024
- Tags: општествена одговорност