По повод одбележување на “Недела на борба против рак“ (01-08.03.2022 година), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода на ден 04.03.2022 година организираше промотивен штанд во ТЦ Капитол мол во соработка со Еурофарм аптеки и Jamieson Vitamins . На промотивниот штанд беа поделени витамини на посетителите на трговскиот центар. Ваквата кампања имаше за цел да ја поткрене свеста кај граѓаните за поголема грижа за своето здравје. И во периодот кој следи продолжуваме со слични активности затоа што здравјето на граѓаните е најважно.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: март 24, 2022
- Tags: општествена одговорност