Mavrovo Maximum Adventure

На 17/18 јуни во Маврово се случуваше Mavrovo Maximum Adventure, настан на кој компании имаа можност да пријават свои тимови кои во текот на овие два дена се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Оваа година покрај стандардните натпреварувачки дисциплини, како што се планинско трчање, планински велосипедизам, стрелаштво, имаше и нови содржини како што се ноќна трка (ориентација и снаоѓање во шумски предел со откривање на скриени точки), Prove Your Fitness (физичка подготвеност на натпреварувачите) како и ММА игрите кои претставуваат настан кој е препознатлив по својот адреналински карактер во кои се покажуваат вештини и способности во совладување на разни дисциплини и препреки. Еурфарм оваа година беше поддржувач на овој настан кој е одличен промотер на се што претставува тимски дух и вредности на тимот како целина

Leave a Reply