Зрелоста и стабилноста на компанијата на македонскиот пазар, како и лидерската улога и позиција која ја зазема, со себе ја повлече и одлуката за ширење на други пазари.
Така, во 2019 година, Еурофарм ја започнува својата експанзија надвор од границите на Македонија и ги прави своите први чекори во регионот, поточно кај нашиот сосед – Република Албанија.
Претставништвото на Еурофарм е отворено во Тирана.
За одговорен на операциите во Албанија е назнaчен Саша Чурковски.